Ова е мајката која буквално сите ги иритира на социјалните мрежи!

Се сеќавате ли на 30-годишната моделка Сара Стејџ која ги воодушевени сите со плочките на стомакот додека е во осмиот месец од бременоста?

img

Многу луѓе се разгневија дека ритамот и нејзината желба да изгледа добро и во форма дури и кога е бремена, може да го оштети трајно нејзиниот плод.

Потоа, Сара се породи, а нејзиното бебе е живо и здраво момченце.

Сепак, таа стана една од најпознатите неомилени жени, а нејзините селфиња и во овој момент предизвикуваат недоумица.

Една од последните фотографии буквално ги разгневи нејзините следбеници на Инстраграм и Фејсбук - додека се снима во секси поза, Сара го оставила детето на земјата и тоа јасно се гледа во огледало.

Тоа ја принуди Сара да објаснува дека детето е добро, дека само спиело слатко и таа не сакала да го буди.

Коментарите сепак се безмилосни:

„Да си го оставиш детето на земјата, додека правиш селфи? Тоа е жално!“, „Дури огледалото да е чисто, никогаш не би оставила детето на земја во гардероберот. Во еден момент ќе почнеш да си го оставаш и на подот на јавни места!“ - беа дел од коментарите.

Facebook impact:

Објавено среда, 15 јуни 2016 06:21:00
Напишано од Ирина