Алшар: ЕДИНСТВЕНО наоѓалиште на талиум во светот кое се наоѓа во Македонија!

Алшар е рудник во длабочината на планината Кожуф, на триста метри од малото село Мајден, на 900 метри надморска височина.

img

Во неговата внатрешност се влегува низ осум широки отвори во земјата. Тука над пет илјади години се копа злато, талиум, кристали на лорандит, антимон и други минерали. Два од осумте отвори на јамите од подземните копалишта се долги 6.000 метри со калдрма, денес многу оштетена.

Алшар е необично и мошне атрактивно место. Земјата е мека, исполнета со разни минерали во сите бои. Доминантна е жолтата, поради големото присуство на арсенот.

Во рудникот во изобилство ја има талиумовата руда лорандит, која служи за да го детектира и лоцира неутринот, честичка со директно потекло од Сонцето која до Земјата патува за осум секунди. Единствено лорандитот ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото на Сонцето.

Станува збор за мошне редок минерал, за кој е утврдено дека во целиот свет единствено во Македонија го има во чиста форма. Талиумот во Алшар, а со тоа и неутринот, по своето количество е светски, планетарен раритет. Ако се успее да се одвои неутринот од талиумот, нашата планетарна наука ќе ги разбере процесите со чија помош се генерира енергијата на Сонцето. Футуристички, ако во тоа успееме, човекот буквално ќе може да произведува мали сонца, кои по негова желба ќе можат да се палат и да се гасат.

Овој рудник во светската наука е извор за проучување на минатото и на иднината на вселената.

Лево, на двесте метри од Алшар има еден вечно зелен рид, на кој не смее да стапне ниту човекова нога ниту преживари. Во земјата на ридот има талиум, отров многу поопасен и од арсенот, кој ако се внесе во организмот, го соборува секој крупен добиток што се напасува таму.

Уште полево од Алшар и од ридот се наоѓаат извори со топла вода, а наспроти нив, на крајот на селото Мајден, селаните експлоатираат некаков бел минерал со кој ги перат алиштата, ги мијат садовите и ги чистат сите простории во своите домови. Овој природен правкаст минерал го има во неограничени количества. Волшебниот маѓепсан терен околу Алшар е познат меѓу локалното население како Црвена Долина и претставува вистинска енигма за научниците.

Facebook impact:

Тагови:

Објавено понеделник, 18 април 2016 11:04
Напишано од Ирина




Барај