Кога запросувањето ќе тргне „низ вода“

Млад Американец решил да ја запроси саканата и тоа да биде посебно- ја извел при еден водопад во сојузната држава Колорадо, секако без таа да ги знае неговите намери.

img

Но, во најважниот момент, вљубениот Ендру Шумен го испуштил прстенот во водата.

– Ние отидовме и се подготвувавме да скокаме. Цело време го стискав прстенот во рака. И, во најважниот момент почнав да паничам и кога паднав на колена и ја отворив раката, прстенот исчезна, раскажува тој.

Во тој момент кај него настанал хаос, па ги заборавил и зборовите на својата заклетва.

– Чувствајќи очај, јас сепак успеав да се приберам и сепак ѝ предложив брак, додава Ендру.

Приказната има среќен крај. Девојката рекла- ДА!

Facebook impact:

Објавено вторник, 01 август 2017 02:43:00
Напишано од Виолета