Видео: Страшна тепачка во супермаркет

Во еден супермаркет во Филаделфија изби сериозна тепачка кога две жени беа обвинети за кражба.

img

Вработените го заклучија маркетот за крадците да останат внатре до доаѓањето на полицијата, а снимката која се појави во меѓувреме е снимена од надворешната страна на локалот.

Одредени мажи навиваа жените да се степаат со вработените. Во еден момент една од нив бесно ја шутна вратата, а потоа почнаа од рафтовите да земаат производи и да ги маваат вработените.

Кога се појави полицаецот една од нив се обиде ноншалантно да излезе, но тој ја бутна назад во продавницата. А тогаш почна вистинска борба, се бореа на подот, а другата жена која крадеше се обиде да ги раздели. На крајот се појавија уште четири полицајци. Тие едвај ги соборија двете жени кои на крајот завршија со лисици на рацете.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено четврток, 19 октомври 2017 08:16:00
Напишано од Вероника