Даниел Крег веројатно ќе го глуми Џејмс Бонд и по петти пат

Сагата околу почетокот на снимањето на 25-то продолжение од серијалот филмови за агентот 007, е при крај.

img

Имено, продуцентката Барбара Броколи го убедила Даниел Крег да ја одигра главната улога и по петти пат, објави „Мирор“.

Во една прилика, ѕвездата од претходните четири филмови за Џејмс Бонд изјави дека „попрво би си ги пресекол вените, отколку да му се врати на тој лик“, па овој податок многумина го прифатија како изненадувачки и со неверување.

Гласините исто така говорат дека продуентката е решена Адел повторно да ја отпее воведната музичка тема. Таа беше ангажирана и за во 23-от филм од серијалот наречен „Операција Скајфол“.

Подготовките за снимањето на новиот филм се на самиот свој почеток, па датумот на премиерата се уште не може ниту да се навести.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 10 јули 2017 07:54:00
Напишано од емилија