Денови на германски филм во Битола

30 ноември, Почитувани, Ве известуваме дека дистрибутерската куќа „Катавеј“ организира Денови на германски филм, од четврток (1 декември) до сабота (3 декември), во 3Д Кино Битола. Ќе бидат прикажани три филма, од кои два продуцирани во 2016 година, кои имаат по неколку национални и меѓународни награди. За сите филмовие  обезбеден е превод на македонски јазик.

img

Повеќе информации за филмовите:  

1„Фриц Ланг“  - 1 декември од 18 часот во Голема сала

Фриц Ланг. Го сметале за гениј, егоцентричен сексуален манијак и садист. Насилството и љубовта станале теми што го следеле Фриц Ланг до крајот на животот. Во Виена, како син на насилен татко, поради кој многу страдала неговата сакана мајка Еврејка. Како војник во Галиција, каде што ги доживеал ужасите на Првата светска војна. И на крајот, како млад режисер во Берлин, обвинет за убиството на сопствената сопруга. Фритц Ланг го истражува „злото” во себе и во сите нас.

Година: 2016
Режија: Гордијан Мауг
Времетраење: 104 мин
Земја: Германија
Жанр: Драма

http://www.imdb.com/title/tt5520618/?ref_=fn_al_tt_1

2. „Џонатан“  -  2 декември од 21.30 часот во Мала сала

Еден млад човек (Јанис Нивенер) се бори со притисокот да се грижи за неговиот татко, кој е смртно болен, додека истовремено се обидува да ја открие тајната која татко му е решен да ја чува за себе.

Година: 2016
Режија: Пјотр Ј. Левандовски
Времетраење:  99 мин
Земја: Германија
Жанр: драма

http://www.imdb.com/title/tt5350358/?ref_=nm_knf_t1

3. „Мирно море“  -  3 декември од 19.30 во Мала сала

Тинејџер се приклучува кон отпорот во окупираната Франција од нацистите за време на Втората светска војна.

Година: 2011
Режија: Волкер Шлендорф
Времетраење: 90 мин
Земја: Ѓерманија
Жанр: Драма
Формат: ДВД

http://www.imdb.com/title/tt2171815/?ref_=fn_al_tt_1

Facebook impact:

Тагови:

Објавено среда, 30 ноември 2016 11:24
Напишано од Елена



Барај