Конечно по толку години е објаснета сцена од филм, која ги остави луѓето во потполна конфузија!

Филмот Контакт од 1997 година крие една многу чудна сцена. Ако сте го гледале, сигурно ви се случило ова: „Чекај малку, што се случи?“

img

Имено сцената оди вака: Малата Ели го наоѓа татко ѝ како лежи на под без свест и исплашена почнува да трча кон бањата за да ги земе неговите лекови од ормарот. Се тоа делува потполно нормално, додека таа не се фати за вратата од ормарчето и тогаш сфаќаме дека целата сцена сме ја гледале низ огледалото на ормарчето.

Кен Ралстон и Стивен Розенбаум, кои биле задолжени за визуелните ефекти на овој филм, откриваат како е направена оваа сцена, а во кадарот да не упадне камерманот, кој го снимал сето тоа.

Камерманот всушност, цело време трчал пред Ели. Тој трчал наназад со камерата прикачена на градите. Во еден момент сликата почнува да се успорува, што е постигнато со помош на посебен уред. Од кадарот кој гледаме непосредно пред таа да влезе во бањата, морале дополнително да го избришат рамото на камерманот. Дури кога ја пружила раката да го отвори ормарчето, преминавме во кадарот од огледалото. Овој кадар всушност е снимен од аголот на огледалото и подоцна е искомбиниран со претходниот дел.

Така, тоаа што го гледате, е всушност камерата која ја следи Ели, како да поминува низ огледалото, за на крај да видите од страна како ормарчето се затвора.

Погледнете ја сцената на следната страница.

Објавено вторник, 22 ноември 2016 5:14:00
Напишано од Maja