Се враќа магијата на "Charmed"

Обожавателите на магија со која се занимаваа сестрите Халивел во серијата “Чармд” чекаа повеќе од една деценија на малите екрани да се вратат добрите вештерки. На чекањето му дојде крај бидејки продуцентите работат на нови епизоди. Сепак, оргиналната “екипа” на актери нема да се врати.

img

Новите епизоди на некогаш популарната серија изгледа ќе и претходи на приказната за сестрите Халивел. Во фокусот се три модерни вештерки, а гледачите ќе ги следат нивните магии во текот на седумдесетите години.

Судејќи според информациите кои пристигнаа од кастингот, не излега дека на малите екрани ќе се вратат оргиналните актери кои серијата ја направија незаборавна Шанен Доерти, Холи Мари Комбс и Алиса Милано.

Сепак, една од новите вештерки е опишана како весела, со облини, здрава и сосема Американса и се вика Пејџ, па се појавиле шпекулации дека тоа можеби ќе биде некој како Роуз Мекгауан која играше полусестра на Халивел сестрите, Пејџ Метјуз.

Другите две вештерки Тина и Ени се опишани како паметни  Афро-американки лекарки способни да донесуваат тешки одлуки.

Алиса Милано и Холи Мари Комбс веќе на социјалните мрежи ги потврдиле лошите вести дека оргиналната екипа нема да биде во новите епизоди.

Facebook impact:

Објавено сабота, 07 јануари 2017 16:31
Напишано од Емилија




Барај