Египќаните се надеваат дека идните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Арнаудов и Василески ќе ги внесат во Уставната Преамбула

Египќаните во Р. Македонија изразуваат голема благодарност до идниот премиер на Р. Македонија, г-дин Никола Груевски, како и до охридските пратеници д-р Љубен Арнаудов и д-р Сашо Василески, кои уште еднаш потврдија дека ја почитуваат автохтоноста и автентичноста на една ранлива но лојална етничка заедница како што се Египќаните во Македонија.

img

- Вчера, на големиот и импозантен митинг на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа токму во Охрид, градот кој важи за центар на Египќаните во Балканот, токму од страна на идниот премиер на Р. Македонија, г-дин Никола Груевски и од страна на д-р Сашо Василески, беа нотирани и спомнати Египќаните, со што се упати јасна порака дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за овој етникум, но и за мултиетничкиот и мултиконфесионалниот карактер на нашата заедничка татковина Македонија.

Мојот народ Египќаните, се големи оптимисти дека токму д-р Љубен Арнаудов, кој важи за пријател на мојот народ како и д-р Сашо Василески, кој исто така има големи симпатии кон Египќаните и голем број нивни пријатели, соседи и сограѓани, како идни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе покренат иницијатива за влез на Египќаните во Уставната Преамбула. Не е спорно дека огромно мнозинство на Египќани ќе ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, особено после потпишувањето на Меморандумот за Соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ И НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПЌАНИТЕ, каде со големи симпатии и надежи гледаат во идниот премиер на Р. Македонија г-дин Никола Груевски - истакна лидерот на НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПЌАНИТЕ И ОПЕМ, Демир Далип.

Facebook impact:

Објавено вторник, 22 ноември 2016 11:58
Напишано од Ирина



Барај