Хуманост на дело: 13-годишниот Давид Стојановски има рак и му е потребна наша помош

Давид Стојановски од Кратово има тринаесет години и пред една ипол година имаше ист живот како останатите деца, одеше на училиште, играше, посетуваше тренинзи во фудбалскиот клуб Силекс и во ракометната академија на Металург.

img

Безгрижното детство на Давид беше прекинато пред осумнаесет месеци, кога добил оток на левото колено. Дијагнозата на скопските клиники покажала дека се работи за остеосарком над левото колено. Поради малигниот карактер на болеста, еден дел од надколеничната коска бил отстранет и заменет со имплант, кој не му дозволува на Давид да ја свие ногата.

По неколку месеци состојбата на Давид драстично се влошила. Лекарите дијагностицирале малигни промени на надколеницата, а во меѓувреме ракот метастазирал и на белите дробови на детето. Лекарскиот тим препорачал ампутација на целата надколеница со вградување протеза, која според таткото на детето, ќе го направи Давид речиси неподвижен.

Во меѓувреме, Давид и таткото заминале во Виена кај познатиот доктор Коц, кој предложил специјална оперативна техника со која стапалото на Давид ќе биде во улога на колено и ќе овозможи солидна подвижност. Операцијата во Виенската приватна клиника со отстранување на метастазите од белите дробови чини 54.000 евра, пари што скромното семејство Китановски ги нема. Во меѓувреме, лекарскиот конзилиум од Клиниката за ортопедски болести во Скопје ја отфрлил операцијата во Виена како нерационална, што го фрли во очај семејството на Давид.

-Мојата најголема желба е да оздравам, да можам да играм, да трчам со другарите, да одам во школо. Се што можат да прават моите врсници, да можам да правам и јас. Го молам докторот што поскоро да реши да заминам на операција во странство, вели малиот Давид Стојановски.

Состојбата на Давид од ден на ден станува се полоша, а потребните средства може да се соберат само доколку граѓаните и институциите уште еднаш ја покажат својата хуманост. Неговиот живот е во опасност, а тој не сака ништо повеќе од нормално детство.

Да ја покажеме нашата хуманост на дело и да му ја исполниме желбата на Давид и во новата година да зачекори како здраво и насмеано дете.

СМЕТКА ЗА ДОНАЦИЈА: 320500021549404

Централна Коперативна Банка АД

Билјана Китановска

Телефонски броеви за донација:

ТЕЛЕКОМ:    143173

ВИП,ОНЕ:    143480

Facebook impact:

Објавено вторник, 27 декември 2016 16:51
Напишано од Ирина




Барај