КЛЕТВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ КОИ ДЕНЕСКА ЈА ИЗГЛАСАА ДВОЈАЗИЧНОСТА

Веќе кружат клетви по социјалните мрежи кои се упатени кон пратениците кои вчера ја продадоа Македонија за грст лири.

Оган да те изгори.
Огин да го запале, вода да го однесе.
Петел в куќа да не ти запее.

img

Веќе кружат клетви по социјалните мрежи кои се упатени кон пратениците кои вчера ја продадоа Македонија за грст лири.

НАЈДЕТЕ ГИ, И ПРАТЕТЕ ИМ ВО ИНБОКС!!!
ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ КОИ ДЕНЕСКА ЈА ИЗГЛАСАА ДВОЈАЗИЧНОСТА :
Кај македонскиот народ е забележано фрлање на камен кон проколнатиот и клетвите поврзани со неговите карактеристики “Кога каменот ќе се врне и тој да се врне” или “Камен да се стори”. Во Малешевијата е познато коленичење, при што разранувањето на колениците (некаде и лактовите) претставува непосредно, крвно врзување со надприродните битија од кои се побарува помош.

Нашите предци практикувале и колективна клетва, најчесто таа имала за цел протерување и одстранување на некоја личност или семејство од заедничкото живеалиште.Ваквиот облик на колнење е карактеристичен за Црна гора, но бил забележан и во другите краишта.

Да даде Господ…
Македонски клетви
Аир да не видиш.
Акнал та пукнал.
Бапки да му излезат на очите.
Бел ден да не видиш.
Бујцата и чумата да го удрит, та да го откопачит.
Буниште да го затрупа..
Да ви умре најмилото.
Да даде бог да ти се врзе јазикот, та збор да не зуцнеш, нем да оди довека.
Да даде Бок на чивутин борчлија да бидеш.
Да му умре козата на комшијата.
Да се превртуваш во гробот.
Да се скапи, огин да го изгори, се посакува смрт.
Да те фане клечавицата (пролив).
Децата да ти одат две напред три назад.
За твое дете лек да нема, клетва за некој кој одбил да му помогне.
Камен врз камен, дрво врз дрво, да не му остане, да му се растури куќата.
Мома да не те земе, да е ерген цел живот.
Оваа недеља млада невестица, до недеља млада удовица, догодина моја вереница.
Оган да те изгори.
Огин да го запале, вода да го однесе.
Петел в куќа да не ти запее.
Сега свадба правиш, догодина умрешка правиш, татко ја проколнал својата ќерка бегалка.
Сите деца во еден гроб да ги стави, се посакува смрт на потомците, една од потешките клетви.
Чума да те отепа.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 12 јануари 2018 02:00:00
Напишано од леонардо