Писмо од читател: Ние мораме да се бориме за слободата до смрт! А таа ќе дојде и по нас, и без нас!

Само ти мој мил народе, душата повторно ти се издигна над себе и пред себе, и сеуште гордо чекориш, чекориш по патот за слобода, слобода! А што чини поскапо од таа слобода?!

img

Колку боли оваа неправда... Од внатре пече, делови се распаѓаат, срцето се собира и шири мислиш секој момент ќе распукне на сите страни... а душата?!... еден мал знак, една мала надеж, еден зрак од сонцето и ти виснува душата високо, мислиш можеш се!

Што е Македонија?

Од векови за векови мачена, поробена... Туѓинци во своја држава! А вие проклети барате утопија! Не можете да изградите систем во сопствената држава и трагате во тугина!

Ве маваат, ве потчинуваат, ве тепаат, ве плукаат, ве шараат, ве убиваат и на крај ве прогласуваат за терористи. Да ВИЕ ТЕРОРИСТИ!

Од оние за кои ја браневте државата, од оние кои куршуми примавте! Од оние кои со презир во очите ве гледаа, од оние проклети што како чума еден ден ќе изумрат, сами од себе од таа злоба, тој презир, тој гнев, САМО ЕДЕН ЌЕ ИМ СУДИ за тој грев, неверници!

Ве лажеа сите, вие верно им верувавте! Ве носеа како живо месо, жив штит... грешници, сега станаа и они грешници и соучесници!

Само ти мој мил народе, душата повторно ти се издигна над себе и пред себе, и сеуште гордо чекориш, чекориш по патот за слобода, слобода! А што чини поскапо од таа слобода?!

Тешки времиња... ЦРНИ времиња за нашата Македонија! Да не смееш да кажеш, да не смееш да видиш, да не смееш ни на глас да пуштиш и заплачеш, вришти хаосот во тебе!

 А они?! Гордо насмеани за своите ЈУДА постапки, криминалци да ни судат, терористи да не судат за татковина!

Секој има име и презиме!
Секој одговара пред судот, доле или горе!
Секој има потомци, нека живеат со тој срам, нека живеат генерации проколнати!
А ти Македонецу, ТИ ТЕРОРИСТУ ќе се разбудиш од овој кошмар, ќе ја исправиш главата, ќе ја раниш кичмата скршена, и гордо за оваа татковина ќе го исполниш аманетот оставен од нашите предци! Аманетот за СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА!

 Ние мораме да се бориме за слободата до смрт! А таа ќе дојде и по нас, и без нас!
Слобода или смрт
Слобода или смрт
Слобода или смрт!!!

Автор:  EllaFromTheLandOfTheCursed

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 04 декември 2017 08:10:00
Напишано од g0sh3