Сајтот Коложег праша: кој ќе ја одбрани Македонија?

Така што во Македонија на официјалната внатрешна политичка сцена остана идеолошка пустош и само две клиентелистички врхушки на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, купени и уценети од Дип Стејт, и двете без идеологија и со одсутност на некакви други национални и морални принципи. Без широка база и без приврзано широко членство и двете клики работат како мали приватни фирми...

Нашиот нов лидер ќе мора во краток рок и без скоро никакви ресурси да постигне спетакуларен првичен успех кој ќе му даде за право, мандат и легитимитет, да ја води и шири натаму борбата за одбрана на Македонија како држава на Македонците...

img

 

Македонија – како и многу други земји во светот за време на ова премреже на премин од униполарниот свет кој е во умирање кон мултиполарниот свет кој се создава – се соочува со егзистенцијални проблеми и борба за опстанок како држава на суверен и признат Македонски народ. Решението се наоѓа во радикално геостратешко репозиционирање на Македонија и во изнедрувањето на лидер кој не само ќе биде црвсто приврзан кон Македонштината и кон оваа добитничка геостратешка идеја, туку и ќе сака, ќе умее и ќе може да ја спроведе стратегијата и да ја одбрани Македонија. Одбранувајќи ја Македонија во вакви тешки услови и во краткото време кое ни е дадено затоа што квислинзите одработуваат за туѓи интереси подло, подмукло, тивко и брзо, новиот Македонски Лидер ќе се запише со најсветли златни букви во Македонската историја, рамо до рамо со Александар, Гоце, Јане, Ченто, итд.
Секако, најбезболната опција ќе беше ако ВМРО-ДПМНЕ во периодот на последниве 3 години од позиција на власт го направеше тој стратешки пресврт, за што ќе имаше (и имаше) подршка од огромниот дел на Македонскиот народ. Но ВМРО-ДПМНЕ не успеа (или не сакаше) да ја канализира и ефектуира јасно изразената Македонска волја со протестите кои во зенитот достигнаа и до 200,000 луѓе на ден. Фактички партијата која мнозинството ја сметавме за единствена патриотска (иако исто така сметавме дека е недоволно патриотска но друг избор се немаше) избега од бојното поле и не остави сами да ги вадиме жешките компири со раце од оган и да ја одбраниме државата но сега со многу поголеми жртви. Со изборот на анационален бирократ за лидер кој веднаш ги пушти низ вода патриотите од 27ми Април и како прва задача отиде на бацирака кај Заев, ВМРО-ДПМНЕ и дефинитивно е паркирана како партија и ќе биде во аут на подолго време (како што е и ред според дилот на Груевски со Бејли) и ќе се занимава сама со себе.
Така што во Македонија на официјалната внатрешна политичка сцена остана идеолошка пустош и само две клиентелистички врхушки на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, купени и уценети од Дип Стејт, и двете без идеологија и со одсутност на некакви други национални и морални принципи. Без широка база и без приврзано широко членство и двете клики работат како мали приватни фирми представувајќи по неколку илјади луѓе од двете страни а единствена (и заедничка) програмска определба им остана папагалското повторување на заложбите за ЕУ/НАТО.
Ова и остава на #3-та Опција и на новиот Македонски Путин внатрешно целосно бришан идеолошки простор за делување и за собирање на патриотскиот контингент почнувајќи од левицата преку центарот до десницата кои денес никој не ги представува. Надворешната политика и геостратешката пустош на ДПМНЕ и СДСМ и нивната слепа определба за ЕУ/НАТО иако им е јасно дека никогаш нема да не примат како Македонци, исто така им остава на #3-та Радикална Опција и на новиот Македонски Лидер огромен простор за собирање и канализирање на досега неформулираната а растечка определба на Македонскиот народ за приклучување кон организациите како ЕАЕЗ и ШОС (гласај овде ако си за членство на Македонија во ЕАЕЗ и ШОС). Оваа опција за глобализација на начин како што ќе се договорат суверените нации, а не по теркот на Сорос и Дип Стејт за свет без граници и нации, не само што ја предствавува надоаѓачката и победничка опција и глобално и на Балканот (читај повеќе овде за незибежноста на мултиполарната опција предводена од Русија и Кина) туку е и компатибилна и го отсликува Македонскиот стремеж за зачувување на националниот идентитет и суверенитет.

Наместен конгрес и украдена претседателска позиција

После украдената лидерска позиција на Филип Петровски од страна на малата, уценета и поткупена клика на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ малку е веројатно дека нов Путин ќе се изнедри во оваа партија и жалосно е што потенцијалот на Филип во кревање народ на нозе (а ја има) беше изгубен во ова критично време за Македонија. Уште помала е и надежта (иако би било идеално и најмалку болно решение) Претседателот Ѓорѓе Иванов да се разбуди од зимскиот сон – откако во периодот на неколку месеци во пролета 2017 стана Македонски Херој со својот тогашен отпор и цврст став токму кон овие елементи од Тиранската платформа – и повторно почне да си ја врши својата улога на чувар на Македонскиот устав, државност и нација. Тешко е да се верува во таков пресврт, посебно после скандалозниот настап при добивањето на наградата во Русија кога наместо да ја остави отворена опцијата за ЕАЕЗ и ШОС тој насред Москва изјави дека за Македонија опција е само ЕУ (која е во распаѓање) и НАТО (која бомбардира цели нации и подржува и вооружува терористи низ цел свет).
Отпаѓаат и опциите на Стефче Јакимовски од ГРОМ и Страшко Ангеловски од МААК поради тоа што самите длабоко се дикредитираа во нивните обиди за поврзување со Исток поради премногу мудрување и обид да седат на две столици истовремено. Таков приод никој не прифаќа а посебно не Русија така што тие се пречкртани од оваа листа еднаш и засекогаш. Од препознатливите лица тука се Јанко Бачев, Љупчо Палевски, Солза Грчева како и досега неекспонирани патриоти а познати и признати личности со висок рејтинг во своите професии. Тука се и ред патриоти како на пример Страшко Олумчев, Горан Ангелов и неколкумина други кои беа единствени што имаа смелост да протестираат во време на 6-месечниот диригиран молк на ВМРО-ДПМНЕ кој наивно веруваше “на збор”во својот несмасен дил со ѓаволот.
Без разлика дали ќе биде некој од овие или некое трето, досега сосема непознато лице, најважно е дека Македонскиот Путин ќе се соочи со многу потешка задача од онаа која ја имаше самиот Путин. Бидејќи Путин ги наследи лостовите на власта од Елцин, иако сосема зраѓани, нефункционални и корумпирани, кои ги подмачка, поправи и доведе до беспрекорна состојба, ја доби војнта во Чеченија и на основа на тоа прерасна во национален херој што му дозволи да се пресмета и со олигарсите и со другите паразити во тогашното Руско општество. Нашиот Путин нема да има таков пристап до лостовите на власта и ќе мора да дејствува однадвор. Тоа го носи профилот на нашиот Македонски Путин малку поблиску до онај на Хуго Чавез отколку до оној на Путин или Трамп.

Нашиот нов лидер ќе мора во краток рок и без скоро никакви ресурси да постигне спетакуларен првичен успех кој ќе му даде за право, мандат и легитимитет, да ја води и шири натаму борбата за одбрана на Македонија како држава на Македонците. Задачите на Македонскиот Путин ќе бидат повеќе слични на оние на Александар Македонски на борба на Давид против Голијат, во непристојно кратко време да обезбебеди и галванизира достаточно сили за одбрана на Македонската држава и Македонскиот идентитет. Мобилизирање на Македонскиот народ за отпор ќе биде базирано на два основни и едноставни принципи.
- Домашно – Широка национална патриотска и економски популистичка платформа
- Надворешно – Геостратешко свртување на Македонија кон поборниците на мултиполарниот свет

За да го спроведе ова, Македонскиот Путин ќе мора во најкраток можен рок од неколку месеци да го мобилизира Македонскиот народ за одбрана преку следните 3 основни правци на делување:

- Политички притисок за нови избори после лажираните избори од Декември 2016 (читај повеќе тука за технологијата на крадење на Македонскиот глас на изборите 2016 и 2017 од страна на Дип Стејт),
- Правни чекори за делегитимизирање и укинување на на антиуставно инсталираните парламент, влада, и останатите нелегитимни нејзини одлуки,
- Оперативно делување на терен.

Политичкиот притисок ќе се врши преку патриотски блок со патриотска платформа за неменување на името на државата и сочувување на Македонија како држава на Македонците. Правното делување веќе се врши од страна на Движењето на македонските носители и бранители на државниот суверенитет ЕДИНСТВЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ПАТ предводено од Ана Бобинкова и Ристо Мијковски кои поднесоа документирани официјални представки до судските органи ЈО и ОЈО за поништување на нелегитимниот избор на претседател на собрание и други прекршувања на законите и уставот.

Третото, и најважно е оперативното делување на терен, посебно во услови кога политичкото и правното ќе почекаат некое идно време додека Бејли слободно се шета по партиски штабови и по судови во стил што доликува на фашистичка диктатура која тој ја представува. Делувањето на терен и ширење на мрежата подржувачи и активисти низ цела држава и пројавување на силата преку групни и индивидуални акти на протест ќе биде единствениот метод за градење на легитимитет кај својот народ како барнител на неговите интереси. А најважниот прв чекор во одбраната и прв тест на новиот Македонски Лидер ќе следува многу бргу и ќе биде заштитата на Македонските споменици затоа што ако спомениците паднат како што пишува Андреј Корибко, паѓа и Македонија.

Дека тоа е така сведочи и фактот дека апсењата на луѓе кои како големиот патриот Горан Ангелов и другите кои можат да извлечат стотици луѓе на протести на улица се токму со цел да се оневозможат помасовни протести при рушењето на спомениците и рушењето на Македонскиот темел на државата. Во услови кога и политичкиот и правниот систем е спрегнат во правец на помагање на нелигитимните квислинзи да и го скршат рбетот на Македонија, единствената одбрана и мерило на успех ќе биде нивото на отпор на улиците и пред институциите.

Значи да бидеме на чисто. Нов Македонски Путин или Александар ќе стане оној што ќе успее да изнесе 10,000 Македонци на улица и мирно да ја сруши нелегитимната марионетска и квислиншка власт која и онака нема кој да ја брани и за неа да стрела врз невин народ, или, оној кој ќе изнесе 500 радикални патриоти и ќе ги разбрка квислинзите од нелегитимните позиции на кои сега седат и лажно се представуваат. И сите овие политички, правни и оперативни предизвици за новиот Македонски Путин се само почеток во креирање на потребниот внатрешен легитимитет за уште поважниот и најважен следен чекор, а тоа е да може да почне легитимно да ја представува Македонија во креирањето на независната надворешна политика и во барањето подршка за таквата нова меѓународна позиција на Македонија кај клучните носители на оваа победничка геостратешка опција, Русија и Кина.
Кој е профилот на потенцијалниот Македонски Путин и каков човек ќе може да го стори скоро невозможното и да ја одбрани Македонија? Историски Македонија покажала дка тоа го може, како што и Александар Македонски секогаш се борел со неколкукратно посилни противници. Додека сега надворешниот противник е тигарот од хартија и поразениот Дип Стејт и неговите платеници во Македонија кои се исто така само еден грст предавници. Единствениот и најголем противник е платеничкото медиумско анестезирање и држење во сон на Македонскиот народ кој во критичниов период на почетокот на 2018 треба да е залулкан во лажно чувство на безбедност дека државата е дадена еднаш и засекогаш и дека ништо лошо фактички не се случува. Иако во исто време и пред очи ќе се руши Македонскиот корен на државата и ќе се пресадува Бугарско/Шиптарски. Кој лидер ќе може да го разбуди, мобилизира и поведе Македонскиот народ за така кратко време? Дали новиот лидер треба да има искуство во разузнавачките дејности како Путин? Или да биде патриот со висока препознатливост кој порано воопшто не бил дел од политиката како на пример бизнисменот Трамп? Или лидер со воен бекграунд како Хуго Чавез? Или успешен локален патриот како тогашниот градоначалник Дутерте а потоа и Претседател на Филипините? Или пак партиски апаратчик како Ердоган кој потоа се трансформира во политички Султан? Или пак историскиот случај на работник со движечката и мобилизирачка сила на еден Лех Валенса?

Едно е заедничко. Сите овие лидери на денешнинава го препознаа крајот на униполарниот систем на владењето на САД и немаат страв да ја пренасочат политиката на своите земји ниту пак имаат страв од градење пошироки коалиции од оние кои им биле дотогаш традиционални, а се со цел на унапредување на нивниот национален интерес. И додека профилите на личностите и карактерот на Путин, Трамп и Ердоган ни се добро познати, еве краток опис на профилите на Чавез и Дутерте.

Чавез: Венецуела пред Чавез беше време на жестоките економски кризи и корупција, а самиот Чавез се вивна до врвот на популарност поради неговиот тогаш неуспешен обид за државен удар. Тој беше поразен, но непосредно пред неговото апсењ успеа да ја искористи предноста на директно на ТВ да и се обрати на нацијата. Ова се покажа како клучно во бетонирањето на неговиот имиџ и галванизација против тогашната влада. Така во Мај 1993 година, тогашниот Претседател Перез беше сменат од Националниот конгрес а Чавез со растечката популарност беше избран во 1998 година. Чавез успешо ја искористи формулата: популистичка политика + харизматичен човек = широка поддршка од населението. Тој го изгради својот имиџ со својот пристап кон политиката како “личност” а не како професионален политичар (читај Ѓорчев, Жерновски, Шеќеринска, вечни никој и ништо, кои вон политиката и немаат професија со која би можела да се занимаваат). A зошто Чавез остана популарен и по изборот? Прво, спроведе многу работи кои ги вети: Го распушти Конгресот, го преработи целиот устав, ја национализира нафтената индустрија и поттикна силно чувство на патриотизам. Харизматичен, длабоко поврзан со вооружените сили, и на крајот, не се плашеше да пресече со дотогашниот традиционален и полтронски про-американски модел на венецуелската политика.

Дуерте: Тој е во политиката многу години, но не е “костум-политичар” т.е. традиционален политичар. Дутерте зборува отворено, без страв од политичките последици од она што го вели. Тој ја критикуваше католичката хиерархија која е многу влијателна на Филипините за нивното противење на Законот за репродуктивно здравје и исто изјави дека ќе го укине Конгресот откако ќе биде избран. Тој изгради имиџ на решавач на проблеми. Дутерте успешно, иако крваво, се справи со проблемот на дрогата која го нагризуваше Филипинското општество. Тој има кохонес (јајца) и не се плаши од никого. Тој има позитивни резултати за добро и успешно владеење. И на крајот, тој е човекот кој им порача на ЕУ и САД: не се заебавајте со нас и гледајте си работа! Прочитајте повеќе во Филипинскиот весник Inquirer (Гугл Преведувач на Македонски).

А како и зошто, според конзервативниот Atlantic, Путин стана идол и херој на сите патриоти низ цел свет? Во написот Светот му Припаѓа на Путин, Atlantic причината за тоа ја лоцира во критиката на Путин на Западниот морален релативизам. “Можеме да видиме колку од евроатлантските земји всушност ги отфрлаат своите корени, вклучувајќи ги и христијанските вредности што ја сочинуваат западната цивилизација”, рече Путин на конференција во 2013 година. “Тие ги негираат моралните принципи и сите традиционални идентитети: национални, културни, религиозни, па дури и сексуални … Тие спроведуваат политики кои ги изедначуваат големите семејства со истополовите партнерства, верувањето во Бога, со верувањето во Сатаната “. Со потклекнување пред секуларизмот, Путин забележа во друга прилика, Западот тргна кон “Хаотична темнина” и “кон враќање во примитивна држава”.

Не многу аналитичари првично ја сфатија потенцијалната моќ и влијание на Путиновата реторика зад границите на Русија. Меѓутоа, десничарските лидери од целиот свет – од Родриго Дутерте на Филипините до Најџел Фараж во Британија до Доналд Трамп во САД – сега зборуваат за Путин во херојски суперлативи. Меѓутоа, и овие фалби сепак во целост не ја објаснуваат големината на Путин. Тој всушност ја постигна оваа глобална лидерска позиција затоа што го предвиде и очекуваше глобалниот популистички бунт и помогна да му се даде идеолошка форма. Со својата апокалиптична критика на Западот, Путин стана симбол на традиционалистичкиот отпор против Соросивот глобализам во корист на корпорациите.

Растот на патриотските и популистички партии глобално
Дека во Македонија ќе се појави и #3та Опција и Нов Македонски Национален Лидер е повеќе од јасно и е само прашање на време. Прашањето е повеќе зошто досега ова не се случи кога ова е веќе глобален тренд кој ги вклучува и самата САД и земјите членки на ЕУ каде репутацијата на политичките елити колабираа во очите на сопствените граѓани поради отуѓеност од своите народи, дозволување на неконтролираниот бран на имиграција, носење закони кое се во корист на мултинационалните комании а не на своите народи (читај тука за легалната корупција в САД а и ЕУ) (Гугл Преведувач на Македонски).

Многу Американци на пример сега веруваат дека демократијата е лош систем на владеење, а значителен број Американци се дури и отворени за авторитарни и диктаторски алтернативи. Во текот на изминатите две децении, според податоците од Анкетата за Светски Вредности, процентот на Американци кои изразуваат одобрение за воена хунта, повеќе од двојно се зголемил. Минатиот Октомври, 2016, еден месец пред Американските избори, едно друго истражување покажа дека 46 проценти од Американците или “никогаш не верувале” или дека “изгубиле верба” во Американската демократија.

Зошто расте патриотизмот и популизмот во сите држави без разлика дали се номинален запад или исток? Според истражувањето спроведено во 36 земји, повеќе од 70 проценти од луѓето сметаат дека институциите во општеството ги игнорираат нивните индивидуални цели. Речиси 90% од сите учесници во глобалната анкета се согласуваат дека во светот постои лидерска криза што овозможува појава на нови лидери од типот на Путин, како што видовме и во самата Америка со изборот на Трамп, или трансформацијата на Ердоган во политички Султан, појавата на Дутерте на Филипините и порано Чавез во Венецуела. Исто така има голем број на патриотски и популистички лидери во Европа кои се или на прагот на освојување на власта како Бепе Грило во Италија, или веќе ја имаат како на пример оние во Полска, Унгарија или пак Британија која веќе излегува од ЕУ.

Паниката кај Дип Стејт и фејквести медиумите – како во случајов Гардијан од ваков глобален патриотски и анти-Сорос тренд – е очигледна во самиот нивен наслов: Трамп, Путин и Ердоган меѓу светските лидери обвинети во светскиот извештај на HRW за 2017 година за узурпација на владеењето на правото и поттикнување на глобалната култура на нетолеранција (Гугл Преведувач на Македонски). Медимуите и HRW кои се слепи за шокантниот податок дека 70% од населението смта дека инситутиците се киднапирани од олигарсите и не го представуваат нароот и неговите желби, леат крокодилски солзи за некаква “узурпација на владеењето на правото” кое владеење според граѓаните очигледно и не постои за да може да се узурпира. За да се види страшната продажност и идеолошката пустош на фејквестите како Гардијан и нивниот страшен молк и преќутна подршка на терористите на ИСИЛ како и на бранот имиграција во Европа доволно е да погледнете на кој е спонзор на овој напис. Кога ќе ја отворите страницата на овој текст во Гардијан, ќе го видите логото на Бил и Мелинда Гејтс Фондацијата, т.е. пријателите на глобалистите на Сорос, која фондација под превезот на непрофитна, всушност заработува милијарди долари на измислени и непотребни лекарства и вакцини по земјите во развој.

Еден интересен научен труд ја покажува врската помеѓу изборниот процес и сите други видови политичка мобилизација, како што се на пример демонстрациите (прочитај повеќе овде: Причини и последици од порастот на популистичките радикални десничарски партии и движења во Европа (Автори: Џаспер Мјуис и Тим Имерзел) (Гугл Преведувач на Македонски). Овој факт за растот на важноста на оперативната политичка мобилизација на протести и демонстрации во однос на самите избори е посебно важна за сегашниот момент во Македонија кога државaта треба да се брани без да се има време да сe чекаат некои следни избори. Технологијата на уличните движења се повеќе се потпира на истражување на податоците и влијанието на социјалните мрежи кое и кај нас во Македонија е во пораст.

Кој е рецептот за ваквите нови народни лидери? “Успешниот популистички лидер ги менува правилата на играта и луѓето почнуваат да веруваат дека тој ја враќа демократијата таму каде што трба да биде, назад кон луѓето”, вели Франциско Гонзалез, професор на Џон Хопкинс Универзитетот во САД. Денес, повеќе од кога било, вели тој, полесно е да се допре директно до народот преку социјалните мрежи како што тоа и го направи Доналд Трамп за време на претседтелската кампања. “И нема причина да веруваме дека трендот кон популизмот ќе исчезне во некое скоро време”, вели Франциско Гонзалез.

И додека патриотизмот во Македонија е здрав и жив и никогаш посилен и поброен, тој е политички киднапиран од пучистите и исфрлен од општествените текови од страна на една рака нелигитимни представници. Останува брзото појавување на #3-та Македонска Радикална Сила и новиот Македонски Путин да го канализираат, охрабрат, насочат и водат народот во легитимната одбраната на својот исконски корен.

Честити Празници Суверена и Независна Македонска Македонијо!

Текстот е целосно преземен од сајтот КОЛОЖЕГ.ИНФО

 

Facebook impact:

Објавено вторник, 09 јануари 2018 08:00:00
Напишано од леонардо


Последни вести