Брз чизкејк во чаша

Чизкејкот, за многумина е омилениот летен десерт со лесна и вкусна текстура.

img

Денеска, Ви претставуваме лесен за припремање, но подеднакво вкусен рецепт за чизкејк, за кој не Ви се потребни ни миксер ниту рерна. 

Потребни состојки:

Основа или база:

• 50 гр. интегрални бисквити

• 25 гр. путер, омекнат на собна температура

Крем:

• 100 гр. густ јогурт

• 50 гр. свежо крем-сирење

• 75 гр. слатка павлака

• една лажица шеќер во прав

Прелив:

• 250 гр. шумско овошје

• една лажица шеќер

• една лажица цеден сок од лимон

Начин на подготовка:

1. Сомелете ги бисквитите и помешајте ги со растопениот путер. Смесата распоредете ја во 3 чаши за десерт и обликувајте ја со помош на лажица, а потоа ставете ги чашите во фрижидер додека го подготвувате остатокот од колачот.

2. Слатката павлака изматете ја со шеќерот во прав додека не добиете цврста структура, јогуртот измешајте го со свежото крем-сирење и додадете го во слатката павлака. Сите состојки нежно измешајте ги сè додека не се соединат. Кремот додадете го врз подготвената подлога од бисквити и повторно вратете ја во ладилникот на околу еден час.

3. Во меѓувреме, исечкајте го шумското овошје на ситни парчиња и префрлете ги во тенџерче, додадете го шеќерот и лимоновиот сок и гответе на ниска температура околу 10 минути со постојано мешање. Смесата оставете ја да се излади, а потоа додадете ја врз вториот слој од крем во чашите. Вратете ги чашите повторно во ладилникот сѐ додека не ги послужите.

Совет:

Дозата на наведените состојки е доволна за 3 порции десерт или малку повеќе, во зависност од големината на чашите. Овошјето во преливот можете да го менувате по желба, но со крем-сирење најмногу одговараат киселкасти ситни плодови како вишни, малини, капини и сите видови бобинки. 

 

 

Facebook impact:

Објавено вторник, 29 август 2017 05:38:00
Напишано од емилија