Промоција на „Сиво сјаат вселените“ од Стефан Марковски

На 22 декември (четврток) во 19 часот во реновираниот простор на сутеренот на Домот на градежниците ќе се оддржи промоцијата на четвртата поетска збирка на Стефан Марковски – Сиво сјаат вселените.

img

Стихозбирката со која овој автор ја доби наградата „Бели мугри“ за 2016- та, признание кое го доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје за најдобра необјавена поетска книга од автор до 35-годишна возраст има 85 страници, а дизајнот на корицата е на Ерина Поплавска.

Поетската книга е осма по ред во едицијата „Бели мугри“ во издание на Домот на култура, а нејзиното објавување е финансиски помогнато од Град Скопје.

„Сиво сјаат вселените“ содржи 23 песни поделени во 7 циклуси. Таа е втората поетска книга на Марковски објавена годинава, по In Nomine („Македонска Реч“, 2016).

Стефан Марковски (1990) е македонски писател, поет и сценарист од најмладата генерација. Автор е книги од различни области и жанрови, приредувач е на една антологија и уредник во рамки на проектот „Метрички карван“.

Добитник е на книжевни награди и признанија за поезија, роман и кратка проза. Член е на ДПМ.

Магистрира на Катедрата за Сценарио на Факултетот за драмски уметности под менторство на проф. д-р Сашко Насев.

Промоцијата на збирката на Марковски се оддржува во рамки на традиционалната поетска манифестација „Денови“ посветена на Кочо Рацин, во чиј склоп годинава ќе влезе и музичко-поетскиот театар „Ѕвездената љубов на Невен“.

Facebook impact:

Објавено среда, 14 декември 2016 08:13:00
Напишано од Ирина