Брза чоколадна торта која сигурно ќе ви се допадне!

Оваа рецепта е идеална за љубителите на чоколада. Чоколадната торта која е многу едноставна за подготовка е многу сочна, многу вкусна и многу чоколадна, така што сме сигурни дека оваа рецепта многу пати ќе ја повторувате.

img

Потребни состојки

8 јајца
200 гр. шеќер
1 дл. масло
700 гр. чоколада за готвење
½ кесичка прашок за пециво
0,5 л. павлака за шлаг

Подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги во снег.

Во жолчките додадете шеќер и изматете ги да добиете рамномерна смеса. Во смесата додајте го маслото и пециво и се заедно убаво измешајте.

Искршете на поситни парчиња 300 гр. чоколадо и стопете го во тенџере на многу слаб оган. Откако целосно ќе се растопи додадете го во смесата и повторно се убаво измешајте. Потоа во смесата додајте го снегот од белките и се добро промешајте со рака.

Добиената смеса ставете ја во соодветна тава и печете во рерната на 180 степени околу 40 минути. Ако бисквитот премногу се подигне кога ќе го извадите од рерна со една лажица притискајте го по целата ширина додека не се спушти.

Ставете ја во еден сад павлаката и додадете 400 гр. чоколадо за готвење иситнето на парчиња. Мешајте постојано додека чоколадото потполно не се стопи. Добиениот крем прелијте го по бисквитот. По површината густо посипете какао во прав и тортата е готова!

Тортата треба да се јаде ладна па најдобро е откако ќе ја направите да ја оставите една ноќ во фрижидерот.

Facebook impact:

Објавено вторник, 05 септември 2017 03:13:00
Напишано од Виолета