Брзи тортички со спанаќ и козјо сирење

Доколку сакате да зготвите нешто едноставно, но немате доволно време, овие лесни тортички се одлични за Вас.

img

Без премногу труд и талент за готвење, ова брзо предјадење, ручек или вечера не само што изгледа неодоливо, туку и е превкусно. 

Состојки (за 4 лица):

• 300 гр. листови свеж спанаќ

• неколку листови млада коприва (по желба)

• 125 гр. меко козјо сирење

• 2 лажици маскарпоне

• 1 лажичка исецкани листови темјан

• ½ лажичка мускатно оревче

• 4 кори

• 4 свежи јајца

• 50 гр. путер

• 50 гр. изрендан пармезан

• сол и црн бибер

Припрема:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Добро измијте ги и исушете ги листовите спанаќ и младата коприва. Исецкајте ги на ситно, а потоа ставете ги во подлабок сад.

2. Во садот, додадете го мекото козјо сирење, мускатното оревче, исецканите листови свеж темјан, сол и црн бибер. Промешајте да се соединат состојките. 

3. Ставете ги корите една врз друга, премачкувајќи ја секоја кора со растопениот путер. Земете чинија или друг предмет во кружна форма со дијаметар од 15 центиметри, а потоа од корите исечете 4 круга. Ставете го тестото во калапчиња, претходно намачкани со путер и лесно стуткајте ги рабовите на тестото.

4. Во секое од калапчињата ставете ја мешавината од спанаќ и сирење, сè додека не бидат 2/3 полни. Потоа, одозгора ставете го изренданиот пармезан и ставете ги во загреана рерна околу 15 минути.

5. По 15 минути, извадете ги и во секое од нив внимателноставете по едно јајце. Посолете и вратете ги уште 10 минути додека јајцата не се потпечат. 

6. Послужете со ситно исецкан темјан.

Пријатно јадење!

Facebook impact:

Објавено четврток, 12 октомври 2017 02:53:00
Напишано од емилија