Чоколадна торта од палачинки

Омилениот десерт – палачинките, сервирани во поинакво издание. Почестете се за успешната недела со вкусна и лесна торта.

img

Потребни состојки:

● 125 гр. брашно
● 250 мл. млеко
● 7 јајца
● 2-3 лажички ванилин шеќер
● 2 лажички + 30 гр. путер
● 250 гр. кокосово масло
● 300 гр. црно чоколадо
● 250 гр. шеќер
● кора од портокал
● 2 лажички ликер од портокал
● 100 гр. слатка павлака

Подготовка:

Во поголем сад, ставете го брашното, млекото, 3 јајца и ванилин шеќер и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Од тестото направете палачинки (со големина од 25 цм). Загрејте путер во тава, а потоа сипете го тестото. Печете една минута, а потоа завртете ја палачинката и печете ја уште 30 секунди. Повторете ја постапката и со останатото тесто.

Во друг сад, растопете го кокосовото масло. Додадете 150 гр. чоколадо, а потоа додајте 4 јајца, 200 гр. шеќер и изрендајте кора од портокал. Промешајте, а потоа додадете го и ликерот од портокал. Гответе кратко, а потоа оставете ја смесата да се излади.

На чинија, ставете една палачинка и премачкајте ја со подготвениот крем. Потоа, врз неа ставете друга и повторете ја постапката. Вака приготвените палачинки ставете ги цел час во фрижидер.

За глазурата, истопете го путерот а потоа додадете ја слатката павлака, 50 гр. шеќер и преостанатото чоколадо. Мешајте додека состојките не се соединат и оставете да се излади. Со вака приготвената глазура прелијте ја тортата од палачинки.

Пријатно јадење!

Facebook impact:

Објавено понеделник, 04 септември 2017 12:45:00
Напишано од емилија