Чоколадни бомбици- вегански, посни, без глутен

Нетипична подготовка на бомбици, овој пат  без кекси и  шеќер- туку од најздрави  состојки!

img

Состојки:

1 шолја индиски ореви претходно потопени  2  часа во вода

1 шолја ореви претходно потопени  2  часа во вода

1 шолја брашно од бадеми или  овес

½ шолја какао во прав

2 исецкани свежи урми

2 лажици мед

1 лажица кокосово масло

За декорација

Кокосово брашно или какао

Подготовка:

Оревите и  индиските ореви ставете ги  во  блендер и  смелете ги. Додадете ги  останатите состојки во  блендер и  измешајте ги. Ставете  хартија за печење на чинија па истенчете го „тестото“ и оставете го во ладилник  околу 30 минути.

Од смесата формирајте  бомбици и  извалкајте  ги  во какао или кокос. Држете ги во ладилник пред служење.

Facebook impact:

Објавено петок, 10 ноември 2017 09:50:00
Напишано од Виолета