Детокс коктел: Зелена Bloody Mary

Оваа варијанта на Bloody Mary можете да ја направите со алкохол или без, во зависност од вкусот и од тоа што планирате после кујнскиот експеримент.

img

1. Зеленчук

–  4 зелени домати

– 2 кисели краставици

– 1 ченче лук

– малку чили

2. Алкохол

– 0.5 dl водка

3. Додатоци

– 1 исечен лимон или лајм

– неколку капки табаско

– сол и бибер по вкус

4. Зачинети краеви на чашата

Припрема:

На тацна ставете сол и бибер. Крајот на чашата натопете го со сок од лимон, и ставете ја во тацната со зачини.

Ставете ги состојките во блендер и миксајте додека не добиете единствена смеса. Чашата украсете ја со зачини и наполнете ја со лед, а потоа ставете го коктелот и украсете го со половина кисела краставица и една зелена маслинка.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 06 декември 2017 04:44:00
Напишано од Вероника