Еклери на кои нема да можете да одолеете

Кулинарството е гранка која најмногу ја практикуваат жените. Кога доаѓа до правење слатки, жените знаат да си поиграат со нивните вештини, да играат со различни состојки и на крајот добиваат ремек дело. Едно од нив е и ова.

img

Неодамна се појави нов тренд на правење слатки, поточно слатки декорирани во духот на галаксијата, но ова што ќе го погледнете сигурно е јаготка на шлагот на космичката кујна.

Украинската слаткарница Musse Confectionery го произведува еклерот галаксија, кој дефинитивно изгледа нереално и ги принудува луѓето да не можат да му одолеат. Горниот дел од еклерот е естетски меѓуѕвезден шлаг со различни нијанси на сина, виолетова и розова боја. Вртливата глазура е испрашена со “ѕвезди” и навистина е тешко да се поверува дека за овој рецепт се користат наједноставните состојки (шеќер и боја за храна). Овие еклери ги има со 5 вкусови и тоа: класична ванила, ф’стаци, малина, солени карамели и чоколадо. За ова слатко задоволство НАСА може да го земе во предвид Киев како станица за гориво.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 04 септември 2017 09:13:00
Напишано од емилија