Неодоливо кремаста салата од компири и копар

Оваа лесна салата од компир ќе ги воодушеви Вашите гости со неодоливиот мирис. Салатата може да се послужува топла или ладна, како предјадење.

img

Потребни состојки:

• 6 големи компири 

• ¾ шолја лесен или посен мајонез

• ½ шолја кисела павлака

• 2 лажичи исечкан копар

• сок од ½ лимон

• 2 лажички млеко

• 1 лажичка исечкан магдонос

• 3 перца ситно исечкан кромид

• сол и бибер

Подготовка:

1. Ставете ги компирите да се варат. 

2. Во помал сад, припремете го дресингот: измешајте го мајонезот, киселата павлаката, копарот, сокот од лимон, млекото и додадете сол и бибер по желба. Вака подготвениот сос ставете го во фрижидер.

3. Изладете го сварениот компир под вода, а потоа излупете го и исечете го на поголеми коцки.

4. Вака исечканиот компир, ставете го во сад во кој ќе го додадете исечканиот кромид и магдонос.

5. Мешајќи полека, додавајте го приготвениот дресинг. По потреба, додајте уште мајонез или павлака.

На здравје!

Facebook impact:

Објавено понеделник, 04 септември 2017 12:41:00
Напишано од емилија