Ова е најсочниот рецепт за печени пилешки гради

Немате идеја што да му зготвите на вашиот партнер, деца или вашите пријатели?

img

Ви претставуваме еден едноставен рецепт за пилешко кој ќе ги задоволи сите вкусови. 

Потребни состојки за 4 лица:

• 450 гр. пилешки гради (без коски)

• 100 гр. брашно

• 2 лимони

• 2 лажици ладно цедено маслиново масло

• 100 мл. пилешки бујон

• 2 лажици путер

• 2 чешниња лук

• 1 чајна лажичка сол

• 1 чајна лажичка бибер

• свеж магдонос

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.

2. Во еден сад ставете го брашното, солта, биберот и кора од еден лимон и промешајте. Во садот додадете ги пилешките гради и извалкајте ги од двете страни.

3. Исечете го едниот лимон на кришки.

4. Во поголема тава и на умерена температура загрејте го маслиновото масло. Додадете го пилешкото месо и пржете околу пет минути додека едната страна не добие златножолта боја.

5. Свртете ги пилешките гради од другата страна и во тавата додадете го пилешкиот бујон, путерот, лукот и парчињата лимон.

6. Ставете го пилешкото во рерна и печете од 10 до 15 минути, односно додека месото целосно не се испече.

7. Послужете ги пилешките гради со сосот од тавата и по желба додадете малку исечкан магдонос.

На здравје!

Совет плус: пред да ги користите лимоните, добро измијте ги со цел да ги отстраните нечистотиите и пестицидите од нив.

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 24 јануари 2018 08:15:00
Напишано од емилија