Печен карфиол со кашкавал

Доколку го барате совршениот здрав и вкусен оброк, овој рецепт е токму за вас. Нашиот нов предлог е печен карфиол со кашкавал и зачини.

img

Потребно е: 

- 1 килограм карфиол

- 2 јајца

- 200 грама павлака

- 150 грама кашкавал

- 2 моркови

- 1 цвекло

- зачини

- мајчина душица

- магдонос

Подготовка:

Карфиолот, морковот и цвеклото ставете ги во топла вода да обарат 5 минути. Во павлаката додадете две јајца, исечкајте мајчина душица и ставете зачини, па измешајте. Исецкајте половина од кашкавалот во форма на линии па ставете го во карфиолот само внимавајте да не се раздели карфиолот. Излупете го цвеклото и засечете го на пола па и во него ставете кашкавал.

Карфиолот премачкајте го со павлаката и изрендајте кашкавал. Истот направете го и со морковот и цвеклото. Печете на 200 степени околу 30 минути додека да зацрвени.

Пријатно јадење!

 

Facebook impact:

Објавено понеделник, 20 ноември 2017 03:49:00
Напишано од емилија