Раванија со кисело млеко!

Подгответе вкусна раванија која  не се рони и има одличен вкус.

img

Состојки:

3 јајца

½ чаша шеќер

1 чаша кисело млеко

1 чаша масло

1 чаша гриз

3 лажици брашно

½ ќесичка прашок за печиво

1 рамно лажиче сода бикарбона

кора од 1 лимон.

Шербет:

2 ½ чаши вода

2 ½ чаши шеќер

½ лимон.

Подготовка:

Најпрво е добро да се подготви шербетот за да може да се олади. Се ставаат шеќерот и водата во тенџере на оган на средна температура. Откако шербетот ќе зоврие, се остава да се вари уште 5 минути. Потоа се додава лимонот исечен на кришки и се вари уште 3 минути. Се трга од рингла и се остава да олади.

Јајцата и шеќерот се ставаат во сад за матење. Се матат со миксер додека шеќерот се растопи и се добие густа смеса.

 Киселото млеко и сода бикарбоната се мешаат во друг сад. Потоа се додава киселото млеко во садот со јајца и се меша со лажица. Се додаваат и останатите состојки редоследно.

 Смесата се истура во намрсена тава (20х30) и се пече во загреана рерна од 200 степени додека раванијата порумени и се формира кора на површината.

Жешка раванијата се полива со ладниот шербет. Откако за кратко време ќе се впие шербетот, се сече на посакувани коцки или ромбоиди и се служи со сецкани ф`стаци или некое друго јаткасто овошје врз секое парче. На здравје!

Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.

Facebook impact:

Објавено вторник, 18 април 2017 03:43:00
Напишано од Виолета