Рецепт на денот: Похован кромид со кашкавал

Има ли подобра комбинација од похован кромид и ладно пиво? Секако дека нема. Уште ако во средината има растопен кашкавал…

img

Сите вие кои се сложувате со горенаведеното продолжете да читате зошто во продолжение следи рецептот после кој ќе научите како да го правите највкусниот похован кромид сами.

Иако навидум сето тоа изгледа сложено, во суштина постојат неколку трикови кои значително ги олеснуваат работите и вашето одлично мезе ќе биде готово за само 15-20 минути.

Состојки:

2 поголеми кромиди

3-4 парчиња моцарела (или омилениот кашкавал)

2 чаши брашно

5 јајца

2 чаши лебни трошки

масло за пржење

сос по ваш избор

Начин на подготовка

Убаво исчистете го кромидот и исечете го а прстени со дебелина од 1cm.

Исечете ја моцарелата на ленти и поставете ја помеѓу два прстени кромид.

Откако ќе го направите ова со сите прстени кромид оставете ги во фрижидер околу 1 час.

Секој прстен со кромид и моцарела најпрвин извалкајте го во брашно, па во јајца и на крај во лебни трошки. Потоа повторете ја постапката но овој пат без валкање во брашно, односно уште еднаш во јајца па во лебни трошки.

Пржете на загреано масло неколку минути, односно додека не добијат златно-кафеава боја.

 

Facebook impact:

Објавено четврток, 09 ноември 2017 01:30:00
Напишано од Вероника