Рецепт за класични американски палачинки

Американските палачинки се разликуваат од палачинките на кои сме навикнати, но токму поради тоа се и поинтересни. Тие се помали и имаат сунѓереста структура која потсетува на пандишпан.

img

Палачинките се одлични за појадок или за десерт. Можете да ги комбинирате како што сакате, нивниот вкус лесно можете да го направите во однос на вашите желби.

Потребни состојки

1 шолја брашно
2 големи лажици шеќер
1 прашок за пециво
½ мала лажичка сол
1 шолја млеко
2  јајца
2 големи лажици масло за јадење

Подготовка

Во длабок сад ставете го брашното и додајте ги шеќерот, солта и пецивото. Промешајте. Во друг сад изматете го јајцето, но не премногу. Додајте ги млекото и маслото за јадење и промешајте. Претурете ја смесата со течни состојки во садот со суви состојки.

Нежно мешајте за да се соединат, но не матете. Не се загрижувајте ако во смесата има мали грутчиња. Загрејте тавче на средна температура и премачкајте го со малку масло за јадење. Со помош на кутлача ставете од густата смеса во тавчето. Печете ги палачинките додека не добијат златно-кафеава боја. Се добиваат 10-15 палачинки, во зависност од големината.

Палачинките можете да ги комбинирате по ваш вкус: крем, мед, шлаг, јагоди, банани, чоколада и сл.

Facebook impact:

Објавено петок, 01 септември 2017 03:06:00
Напишано од Виолета