Вкусни црно-бели елки

Овие колачиња се мошне едноставни, вкусни и декоративни за вашата празнична трпеза.

img

Во продолжение ви го презентираме рецептот, а вие можете да си играте со декорацијата дополнително ако сакате, оставаме на вас.

Состојки (за 15-тина бисквити):

- 239 гр.путер

- 3/4 шолја (до 250 мл) шеќер во прав 

- 1 шолја течен мед 

- 1 јајце 

- 5 шолји обично брашно (неколку лажици брашно можете да ги замените со неколку лажици какао) 

- 1 лажичка сода бикарбона 

- 2 ќесички зачини за бисквити (цимет, ѓумбир, афион... - може мешано или само еден) 

- малку сол 

 За „снегот“:

- 4 белки 

- 4 шолји шеќер во прав 

- 2 лажички екстракт од ванила 

Начин на подготовка:

Сите состојки треба да бидат на собна температура. 

Помешајте ги брашното, какаото (ако го користите), сода бикарбона, зачините и солта.  

Со миксер изматете го путерот и шеќерот во право. Матете додека не добиете изедначена смеса. Додадете и мед и повторно мешајте. Потоа, додадете и јајце и со мискерот продолжете да мешајте додека не се соедини. Миксот сувите состојки, додавајте ги постепено и мешајте, додека повторно сè не се соедини. 

Добиеното тесто ставете го на работна површина, на која претходно се наросиле малку брашно. Со сукало обликувајте го тестото во голем, мазен круг. Потоа, завиткајте го во фолија и оставете во ладилник 2 до 4 часа (може и 24 часа). 

естото од ладилник развлечете го во голем, тенок круг, па со модли правете бисквити во облик на цветови или ѕвезди. Внимавајте, потребни ви се и помали и поголеми модли за бисквити. Супер е ако имате 3 или 4 различни големини. 

Бисквитите наредете ги во подмачкан плек и печете околу 8 минути, во рерна загреана на 200 степени. На помалите бисквити можеби ќе им бидат доволни и 5 минути. Потоа извадете ги и оставете да се изладат. 

Додека се ладат, вие подгответе го „снегот“. Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено додавајте шеќер во прав и ванила. Мешајте го тоа додека не добиете цврста смеса.  

Потоа, составете ја новогодишната елка. Најголемиот бисквит ставете го на дното на тацната. Преку него, на средина ставете 1 лажица „снег“, па покријте го тоа со помал бисквит и продолжете да редите по тој редослед, додека не добиете елка. Најмалиот бисквит нека ви биде ѕвездичка на врвот на елката. 

 

Тагови:

ЕЛКИ КОЛАЧИ

Facebook impact:

Објавено среда, 03 јануари 2018 08:16:00
Напишано од емилија


Последни вести