Дали имате доволно самодоверба за да бидете во здрава врска

Нема да кажеме ништо ново ако заклучиме дека жените кои имаат изградено самодоверба поинаку функционираат во врските од оние кои немаат. Тие знаат дека се посакувани, сакаат да бидат еднакви со партнерот и во врската не губат идентитет.

img

Се чуствуваат секси и женствено Не е потребно некој тоа да им го каже зошто тие тоа го знаат. Убаво им е во своја кожа, не се срамат од своето тело и поради тоа се опуштени и задоволни за време на сексот. Бараат партнери кои немаат проблем со самодовербата

Лесно кажуваат Не!

Кога треба нешто да одбијат, тие тоа го прават без размислување. Секако нивното „не“ не е од каприц, туку тоа е нивен став. Немаат проблем да покажуваат чуства, па истото го очекуваат и од партнерот.

Не го губат идентитетот

Многу жени кога ќе се заљубат како да се губат себе. Преку сите граници се приспособуваат кон желбите и потребите на партнерот, за него го резервираат секој момент. Жените со самодоверба не го прават тоа. Тие новата врска ја прилагодуваат со својот досегашен живот

Не се плашат да ја признаат грешката

Тие не се плашат да кажат извини и да ја признаат својата грешка. Учат на своите грешки кои ретко ги повторуваат. После секој кикс стануваат се посилни и помудри.

Не се плашат да стават крај Дали имате доволно самодоверба за да бидете во здрава врска Спремни се да излезат од врска кога таа ќе престане да им претставува задоволство зошто не се плашат да останат сами.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 04 август 2017 05:11:00
Напишано од емилија