Џорџ Клуни се опростува од актерската кариера

Славниот холивудски актер Џорџ Клуни, во интервју за Sunday Times изјавил дека актерството не му е повеќе приоритет и дека привремено ќе направи пауза од оваа професија.

img

“Видете, долго сум во оваа професија и имам 56 години. Не сум веќе тип кој заведува девојки, односно не би требало повеќе да бидам”, изјавил Клуни. 

Сепак, клучната причина за неговото повлекување од актерската професија е неговата сопруга Амал и близнаците кои тие ги добиле пред пет месеци.

“Актерството беше начин како да ја платам мојата кирија, но откако ја продадов својата компанија за производство на текила за еден милион долари, не ми требаат пари. Поради тоа умно ќе ги бирам филмовите во кои можеби некогаш повторно ќе се појавам”, вели Џорџ.

Тој признал дека и актуелната политичка ситуација го инспирира да се вклучи во политиката. Меѓутоа, тој сè уште не се чувствува спремно за таа улога.

“Поради моменталната ситуација во политиката, размислувам за тоа подрачје, а во политиката сум бил отсекогаш вклучен. Исто така, мојот татко беше вклучен во трката за конгрес. Ќе пробам да помогнам како што најдобро знам”, изјавил познатиот актер.

Facebook impact:

Објавено петок, 10 ноември 2017 05:38:00
Напишано од емилија