Каква жена посакува тој во креветот?

Што значи кога тој фантазира за актерка, манекенка или порно-глумица? Верувале или не, психолозите тврдат дека тоа говори многу за машката психологија.

img

Сексуалните фантазии, всушност, секогаш имаат скриено знаечење. Токму затоа, сите мажи во спалната соба се возбудуваат од различни активности. Покрај психата, спомените од детството исто така влијаат на сексуалните фантазии, а психолозите се обидуваат да толкуваат што тие говорат за личноста.

Доминантна жена

Ако тој фантазира за доминантна жена, што ќе го има главниот збор во креветот, тогаш веројатно бил најмало дете во семејството и имал барем една постара сестра. Овие мажи обично бараат постари жени, кои во нивните очи делуваат моќно, силно и сексапилно.

Манекенка или Глумица

Неговата интензивна желба да се зближи со вистинска убавица, најчесто говори дека тој има нарцисоидни особини. Овие мажи најчесто жените ги доживуваат како трофеи, а не како партнери за блискост и нежност.

Порно-глумица

Психолозите тврдат дека мажите што фантазираат за порно-глумици или за стриптизети, најчесто имаат проблем со интимноста и со блиските врски. Имено, добриот секс во врската значи дека партнерите треба меѓусебно добро да се познаваат. Некои мажи повеќе сакаат тоа да го прескокнат, а најчесто тоа е поради стравот дека нема добро да се покажат.

Алфа жена

Мажите што фантазираат за алфа жени се класичен пример на проектирање на детските трауми од минатото, сметаат психолозите. Проекциите во односот меѓу партнерите не се невообичаени, но исто така се знак за нездрав однос. На пример, ако мажот пораснал во семејство во кое желбата за пари била срамна, тој ќе сонува за жена што е многу успешна и добро заработува.

Facebook impact:

Објавено петок, 10 ноември 2017 01:19:00
Напишано од Вероника