Колку секс е “здраво” во секоја фаза од врската

Сексот е важен дел од врската бидејќи ги поврзува партнерите како физички, така и ментално. Колку често партнерите имаат сексуални односи е индивидуална работа, но секс терапевтот Брајан Вилоубај вели дека многумина се опседнати со бројот на односи.

img

“Често пациентите ме прашуваат колку пати неделно треба да имаат сексуален однос за нивниот брак да биде успешен”, вели Брајан. Тој објаснува дека неговиот единствен одговор кој може да го даде на тоа прашање е дека не постои магичен број кој би одговарал на сите парови. 

“Не постои магичен број на сексуални односи кој би ја направил вашата врска среќна. Истражувањата покажуваат дека бројот на сексуални односи кај просечните парови варира во зависност од тоа во која фаза се во врската. Хелен Фишер ја објавила книгата “Human Nature” во која вели дека постојат три главни фази од врската: страст, привлечност и приврзаност”.

• Според учењето на Хелен Фишер, хормоните како тестостеронот и окситоцинот го преплавуваат нашиот мозок во фазата на страст во која тежнееме кон сексуално соединување со партнерот и тоа многу често.

• Втората фаза е фазата на привлечност. До оваа фаза доаѓа во долгите врски во кои партнерите доживуваат романтична љубов. Според објавената студија во оваа фаза, сексот е сè уште чест помеѓу паровите, но не го вклучува елементот на итност како во првата фаза.

• Фазата на приврзаност е она што постои помеѓу поголемиот број брачни парови (или парови кои што се во долга врска). Во оваа фаза доминира љубовта бидејќи мозокот лачи окситоцин кој е познат и како “хормон на нежноста”, а помеѓу парот е присутно чувството на сигурност, удобност и доверба. Во текот на оваа фаза, сексуалните односи помеѓу парот се ретки.

Тука нема ништо лошо, ниту невообичаено. Според студијата на социологот Едвард Лауман од универзитетот во Чикаго, само пет отсто од паровите имаат сексуални односи четири или пет пати неделно, а повеќе од 1/3 од испитаниците во доба од 18 до 59 години имаат односи помалку од еднаш неделно.

 

Тагови:

секс љубов

Facebook impact:

Објавено четврток, 09 ноември 2017 03:13:00
Напишано од емилија