Може да му биде баба, но тој е заљубен во неа

Ја додал на Фејсбук, а меѓу нив веднаш пламнала љубов. Разликата во години не им претставува проблем и уживаат во својата љубов. Посилни се од сите препреки. 

img

Виртуелното пријателство помеѓу 72 годишната Ангела и 27 годишниот Ци-Џеј Нвачукву се претворило во романса, а набрзо и во брак. Огромната разлика во годините на нив не им смета. Се венчале во родната Нигерија на Ци-Џеј иу тоа им било прва средба во живо после тромесечното допишување на Фејсбук.

По венчавката се појавил првиот проблем, на Ци-Џеј му е одбиена визата за Велика Британија и Ангела патува во Нигерија како би била поблиску до својот млад сопруг.

-Ци-Џеј е најдобрата личност која во животот сум ја запознал. Се чувствувам како најубава жена на светот и длабоко во своето срце знам дека си припаѓаме еден на друг, вели Ангела, возач на такси во пензија од англиски Дорчестер.

Пред Ци-Џеј била во врска 16 години, но не чакала долго да се скраси повторно. Ци-џеј е шест години помлад од најстариот внук на Анџелина, а нејзините синови веќе се на средовечна возраст, имаат 50, 47 и 43 години. Еден од синовите се посомневал дека станува збор за интернет измама, но Ци-Џеј го уверил, запросувајќи ја преку Скајп.

Се венчале во април 2015 година во Лагос. Но, проблемите со визата им ја расипуваат идилата и понатаму мора да трошат голема сум ан пари за да се видат. Сепак веруваат во вистинска и напорните патувања не им претставуваат проблем. Нивните семејства ги поддржуваат и тоа им е најважно.

Facebook impact:

Објавено четврток, 31 август 2017 07:43:00
Напишано од Виолета