Нова перверзна сексуална игра „шарени алки“ хит меѓу децата

Во соседна Србија стигна опасна сексуална игра, која основците и средношколците ја играат на забави под името „шарени алки“, пишуваат српските медиуми.

img

Родителите се згрозени и уплашени, а стручните лица истакнуваат дека тинејџерите не можат да сфатат какви последици може да остави по нивното здравје и по нивната психа.

– Оваа игра се игра на тој начин што девојката става на рака алка со одредена боја. Потоа ја крие раката зад грб. Момчето ја погодува бојата и ако ја каже точната боја, од девојката добива „награда“ во зависност од бојата. Секоја боја нешто претставува. И тоа се прави пред сите на забава. На пример, жолата боја претставува прегратка, зелената е секс, белата допирање на одреден дел од телото, сина – орален секс, црвена – танц во скут, а розова- бакнеж  – вели соговорникот на „Курир“.

Јасна Јанковиќ, професорка и претседателка на Здружението на синдикатот на просветни работници во Србија вели дека чула за вакви или други слични игри што ги играат децата на забавите.

– Не знам дали станува збор за урбана легенда или ова навистина се случува. Но, тоа што е сигурно е дека денешната младина многу рано стапува во интимни односи и тоа го прави без емоции. А секое сексуално доживување без емоции е еден вид насилство над децата – изјави Јанковиќ.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 12 јули 2017 01:50:00
Напишано од Виолета