Ова е тајната за долг и успешен брак

Едноставен, но ефикасен рецепт.

img

Научниците од универзитетот во Чикаго анкетирале 732 парови, на возраст од 57 до 98 години со цел да го дознаат одговорот на ова прашање. Главен акцент на нивното истражување бил ставен на редовниот сексуален однос, психолошкото здравје и задоволството од бракот.

Резултатите до кои дошле покажуваат дека во секоја смисла посреќни се оние кои го практикуваат сексот почесто. Воочено било дека мажите и жените кои не го практикуваат сексот редовно, изјавуваат дека не се среќни со партнерот. Тие кои имаат редовен однос, тврдат дека се среќни и имаат успешен брак.

– Ова истражување покажува дека сексуалната активност во бракот е многу важна и дека луѓето мораат да најдат начин да останат сексуално активни, бидејќи тоа ќе им помогне да го одржат бракот среќен и функционален – пишува во заклучокот на истражувањето.

Тагови:

брак тајна

Facebook impact:

Објавено понеделник, 13 ноември 2017 01:58:00
Напишано од Вероника