Саманта е ескорт дама и открива пет работи кои мора да ги знаете за вашиот маж

Ескорт дама од висока класа Саманта, открива она што е потребно на мажите, а жените забораваат на тоа.

img

Таа го знае тоа најдобро, бидејќи заработува токму од тоа, дава на мажите тоа што им треба.

Работејќи како ексорт дама, оваа австралијанка сфатила дека на мажите, покрај останатото, им треба нежност, љубезност, едноставно интеракција со саканата личност.

Нејзините клиенти редовно изјавуваат дека ги сакаат своите партнерки, но очигледно не добиваат она што им треба во потполност.

Последно што би посакал тој е да ја повреди својата партнерка и да бара развод. Тие не сакаат да ги напуштат своите жени.

Често доаѓаат но не бараат брз секс, туку два до три часа размена на нежности, тоа им недостасува.

– Многу оженети мажи велат дека тие и нивните партнерки спијат во одвоени спални соби. Веројатно е дека жените имаат причина, затоа што е така, но не се тоа тие кои се жалат – изјавила Саманта.

– Мислам дека жените треба да престанат да се оптеретуваат со килажата и влакната кои почнале да им растат бидејќи тоа на мажите не им е важно.

Тие сакаат да уживаат во вас и вие да уживате во нив – додала Саманта.

Нормално дека треба да се негувате, но 24 часа да изгледате перфектно е невозможно.

Уште една важна работа, маж сака да ја задоволи својата жена, а таа би требал да го има истото чувство, да го задоволи него, кога тоа не е взаемно, тоа е веќе проблем во спалната соба.

– Мажите често се жалат дека жените не ги приметуваат, децата се приоритет, но дали и домашните миленичиња се приоритет, а мажите само претставуваат машина за правење пари.

– Кога немаат секс во својата соба, е тогаш го бараат на друго место – објаснува оваа ексорт дама.

Она што Саманта го истакнала се овие пет работи на кои секоја жена треба да посвети внимание кога се мажите во прашање.

– Ве сака

– Потребно му е повеќе љубов отколку што мислите

– Мисли дека на кучето му посветувате повеќе внимание отколку на него

– Му недостасува љубезност

– Му треба секс како што на вас ви треба шминка

– Сите заслужуваме добар сексуален живот, вклучувајќи ве и вас, затоа ставете го во вашиот дневник уште сега. Кучето може да почека – заклучула Саманта, која многу добро знае зошто мажите одат на други места и го бараат она што нивната партнерка го нема. Токму на тие мажи таа заработува.

Facebook impact:

Објавено четврток, 12 октомври 2017 03:53:00
Напишано од Виолета