Секс пози кои ќе ви ја зацврстат врската

Сексот треба да e полн со емоции и интимност.  Како и да е, ако сакате цврста релација меѓу вас и вашиот партнер во спалната соба , тогаш итнимнста е клуч – како физичка така и емоционална. Потребно е отворено да разговарате со партнерот,  зборувајте за тоа што сакате во спалната соба, од тоа каде да почнете со предигра до тоа да истражите нови секс пози кои ќе ја направат вашата врска интимна.

img

За вас издвојуваме најдобри секс пози кои ќе ве доведат до интимност и поврзаност со партнерот:

Мисионерска поза

Иако мисионерската поза се смета за основна секс поза, тоа не значи дека треба да биде досадна. Кога зборуваме за интимност и близина во спалната соба, мисионерската поза ви дозволува да ги користите сите вашите сетила и да се истражите еден со друг во целост. Кога мажот е одозгора, контактот со очи и лесен и достапен.

Многу луѓе се чувствуваат засрамени или нервозни кога е во прашање контакт со очи за време на сексот. Потребно е заедно да го задржите погледот подолго време, може да почувствувате поголема страст и да се почувствувате секси. Моќта на погледот ќе биде уште поголема доколку успеете да го задржите и за време на оргазмот, тогаш може да се зголеми сензацијата и да се создаде чувство на поголема блискост.

Мисионерската поза овозможува да ги истражите телата меѓусебно- милување на косата на вашиот партнер, држење на раце, триење на рамената на партнерот, што ќе помогне вашиот партнер да се чувствува ценет и сакан за време на сексот.

Ако успеете да го задржите погледот подолго време, може да почувствувате поголема страст и да се почувствувате секси.

Лотус поза

Лотус позата не само што звучи спокојно и духовно, но во исто време опуштено и природно и им овозможува на партнерите да се чувствуваат удобно и да бидат блиски за време на сексот. Во оваа поза мажот седи на подот, со грбот може да биде потпрен на ѕид или на кревет за да му биде поудобно, а жената седнува врз него со нозете свиткани околу неговата половина. Не само што жената добива дополнителна клиторична стимулација, но во исто време таа може да ја контролира длабочината и брзината. Додека партнерката е врз својот партнер, тој со рацете може да ги истражува нејзините гради, врат и долниот дел, продлабочувајќи ја физичката интимност меѓу партнерите. Контакт со очите е исто така одличен во оваа позиција, а страстното бакнување е задолжително.

Еден до друг

Понекогаш сакате сексот да биде брз и страствен, но понекогаш сакате сексот да биде подолг и да трае со часови. Позата еден-до-друг е одлична за  мрзливо утро, кога сте релаксирани и сензуални и не ви се брза некаде. Оваа поза е одлична за тоа бидејќи ви овозможува интимност без многу напори.

Партнерите треба да лежат на страна свртени еден кон друг – нејзината нога која се наоѓа од горната страна може да биде свиткана околу неговиот грб за подобар стисок, како што влегува од предната страна со бавно и лесно темпо.  Оваа поза исто така може да иде исклучително романтична доколку партнерот ги стави своите раце околу партнерката, или додека нежно и ги гали градите или и шепоти на уво. За подобра стимулација, во оваа поза мажот може да користи секс играчки, како на пример, интимен масажер за поголемо клиторично задоволство на својата партнерка.

И секако не заборавајте ги вашите главни продукти за играта да ја започнете, Дурекс кондоми Invisible и Perfect Glide лубрикантот, за речиси совршено обострано задоволство.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 03 јули 2017 04:51:00
Напишано од Виолета