Што треба да пиете ако сакате интезивна ерекција и подолго да траете во кревет?

Во својата книга „Решенија за брачен секс: Реален водич за спас на сексуалниот живот“, сексологот Кет Ван Кирк опишува четири начини на кои мажите можат да профитираат од пиењето пиво. 

img

1. „Траат“ подолго

Пивото ослободува големи количини фитоестрогени, кои докажано го одложуваат оргазмот.

2. Интензивна ерекција

Темното пиво е уште подобро од светлото бидејќи содржи железо, кое потикнува циркулација, па ерекциите се подолги и поинтензивни, пишува Њујорк Пост.

3. Помал ризик од инфракт

Мажите кои секојдневно пијат пиво се поиздржливи во физичките активности отколку оние кои воопшто не конзумираат. Покрај тоа, оние кои пијат пиво имаат 31 отсто помал ризик од срцеви заболувања, ифаркт, како и мозочен удар, откриле италијанските научници.

4. Подобро варење

Пивото го урамнотежува метаболизмот, што значи дека луѓето кои го пијат не би требало да имаат проблеми со нервозни црева среде сексуални игри. Богато е и со витамин Б кој поволно влијае на варењето.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено сабота, 23 декември 2017 02:57:00
Напишано од Виолета