Три најчести работи поради кои паровите раскинуваат

Љубомората и неверството не се единствени причини поради кои паровите раскинуваат. 

img

Подеднакво се опасни и работи за кои не размислуваме премногу, а доведуваат до крајот..

1. Доминација

Доколку секоја важна одлука ја донесува вашиот партнер, немојте да мислите дека тој е посреќен и дека поради тоа се чувствува подобро.

Лидерството во машко-женските односи всушност е оптеретување. За да ја избегнете оваа замка, поработете на рамноправноста и нема да има проблеми.

2. Различно гледање на исти работи

За вас може да биде многу важно ако ја оставите четкичката за заби кај својот партнер во станот, а за него тоа може да биде потполно небитна работа. Зборувајте и утврдете дали давате премногу значење на исти работи или не.

3. Преголеми очекувања

Голем број жени влегуваат во врска со надеж дека ќе го променат мажот, а уште поголем број мажи не поднесуваат такви жени. Ако мислите дека некого навистина можете да промените- се лажете! Повеќето мажи немаат потреба да ги менуваат своите главни карактерни особини. На крајот, ако сте се заљубиле во него, зошто сакате да го промените?

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 05 декември 2017 02:30:00
Напишано од Вероника