Ужасен факт: Повеќето од мажите ќе се оженат само ако...

После ова сознание, втемелено на најновите истражувања, на „посилниот пол“ ќе гледате со други очи!

img

Додека вие мечтаете да се скрасите покрај него, тој ќе размислува за брак со жена која има пари! Не е важно што не е толку интересна, атрактивна, доволно духовита и што прилично е постара од него.. Разликата во годините не ги спречува.. Што е тоа деценија или две повеќе.

Сакале или не да го признаеме тоа, дошло до голем пресврт на улогите и очекувањата.

Врз основа на анкета кои научниците ја спровеле на барање на едно британско осигурително друштво, дошло до заклучок дека поради финансиската криза се повеќе има „машки спонзоруши“. Резултатите на анкетата покажале дека дури 55% од мажите би се ожениле само поради парите, без оглед на квалитетите на партнерката.

Но, и жените очигледно се свесни на промените во друштвото, па стануваат се повнимателни пред стапувањето во брак. Во прилог на тоа оди и фактот дека има се повеќе барања за потпишување на предбрачен договор.

Тагови:

мажи брак

Facebook impact:

Објавено вторник, 14 ноември 2017 06:39:00
Напишано од Вероника