Погледнете кои бои на лакови за нокти ќе бидат во тренд оваа зима!

Средени и налакирани нокти на рацете се убав украс и дефинитивно плус за секоја модна комбинација.

img

Трендовите во светот на маникирот се динамични исто како и во модата. Маникирот денес сѐ почесто е начин на кој се изразуваат особеноста и стилот.

Следуваат бои на лакови кои се модерни оваа зима.

Бордо

 

Оваа нијанса никогаш не излегува од мода. Темните нијанси секогаш се модерни во зима. Одлично се комбинира со волнени парчиња облека или со кадифе.

Темносина

Ова нијанса совршено изгледа навечер. Ова е една од најтрендовските нијанси сезонава. На вас останува да се одлучите за мат или за сјај нијанса.

Крем-боја

Ако повеќе сакате светли нијанси, тогаш крем-бојата е за вас. Изгледа дискретно и женствено. Нема да погрешите никогаш со оваа боја.

Сива

Сивата е актуелна боја за зима и изгледа одлично во сите нијанси. Совршено се вклопува во топлите изгледи.

Темновиолетова

Ова е бојата која е во тренд во облеката. Темновиолетовата е идеална за оние што сакаат впечатливи бои.

Темнозелена

Оваа боја е за оние што сакаат драстична промена од топлите тонови.

Facebook impact:

Објавено петок, 23 декември 2016 17:09
Напишано од Ирина




Барај