Фризура која за неколку секунди ќе го промени вашиот изглед

Изминатите неколку сезони, Инстаграм ѕвездите нѝ дадоа неколку причини повеќе зошто треба да им се радуваме на топлите ролки кои се најдоброто парче облека за студениот период.

img

Оваа сезона, тие нѝ нудат нешто поинакво – станува збор за еден вид на фризура која во ова доба е многу популарна бидејќи, како што кажува и самото име, за нејзе ви е потребна “долчевита” ролка. 

Сè се сведува на тоа да ја наместите вашата коса под ролката и со тоа да направите лажен боб, со кој во пет секунди потполно ќе го трансформирате својот изглед и ќе изгледате шик и модерно. 

Штом настапат студените денови, ова е фризурата која постојано ја гледаме на Инстаграм, а функционира подеднакво добро со било каков модел на ролка.

 

Facebook impact:

Објавено среда, 27 декември 2017 06:00:00
Напишано од емилија


Последни вести