Кажете им добредојде назад на леопард хеланките: Сакале или не, тие се сега ИН!

Без разлика дали ви се допаѓа или не, се враќа леопардовската шарка, и ќе биде најголем хит во сезоната есен/зима 2016/17.

img

Сведоци сме на тоа дека леопардовскиот принт се враќа во мода на секои 10 години. А дека оваа зима ќе биде хит, најави ни помалку ни повеќе, „Вог“.

Познатите дами веќе го носат, а може да се сретне насекаде, од детали на торбите и чевлите, до капути, сакоа и џемпери, па се до озлогласените хеланки.

За да го носите овој тренд, важно е да знаете дека треба да бидете умерени, па ако одберете пантолони со ваква шарка, остатокот од гардеробата нека биде со умерени бои.

Немојте да имате повеќе од едно парче гардероба со ваков дезен.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 28 ноември 2016 05:35:00
Напишано од Елена П