Можете ли да погодите: Кои фармерки се женски, а кои машки?

Модните брендови се обидуваат да бидат во чекор со времето, но се чини дека ја промашиле поентата.

img

Секој има право да го носи она што му се допаѓа. Но, се чини чудна потребата за униформираност на машката и женската линија на фармерки. Ајде сите да личиме едни на други, мажите и жените нека изгледаат исто, девојките како клонови на своите фраери, дечките од клупата на која ќе седнете да бидат исти со дечките од клупата број два.

И, ако одредени модни куќи од година во година се обидуваат да понудат нешто авангардно и единствено, она што може да се најде во продавниците е униформирано. Ова не е прашање на еманципација и на слобода на изборот, туку спротивно на тоа – наметнување на отсуство на избор и поистоветување на сите нивоа.

На крајот на краиштата, не е важно да го носите модниот диктатк, туку како се чувствувате во тоа и како ви стои. Затоа, следен пат кога ќе одите во шопинг обратете внимание на она што сте и веќе ќе бидете различни.

Поврзано: На овој начин мажите масовно стануваат жени

А, да. На горната слика се женските, а на долната се машките фармерки.

Facebook impact:

Објавено недела, 06 ноември 2016 03:49:00
Напишано од Елена П