Најважните модни правила: Никако не го дозволувајте ова!

Ова се најновите идеи за комбинирање на аксесоари и облека.

img

Не ја кријте јаката од капутот зад голем шал или марама

Доколку капутот има јака, не треба да се прикрива. Наместо тоа, завиткајте се во помал шал или марама и пикнете го под јаката на капутот.

Заборавете на правилото дека чевлите мора да бидат во иста боја со чантата

Ако не се од ист производител, не се обидувајте да ја погодите нијансата. Никогаш нема да биде иста! Најновите трендсетери велат дека многу подобро е да одберете чевли и чанта со контрастни бои.

Не носете часовник со вечерен фустан

Комбинирањето на часовник со вечерен фустан е невкусно. Оставете ги часовниците за урбана, спортска или деловна комбинација.

Објавено среда, 23 ноември 2016 5:49:00
Напишано од Maja


Последни вести