Тесни чизми над колената – голем есенски хит

Kaко што се наближува есента, светските модни списанија и уредници препорачуваат кој стил на чевли и облека ќе биде најпопуларен за претстојната сезона.

img

Постојат неколку дизајни на чизми кои ќе доминираат во есенските денови, но судејќи по фотографиите на многу познати ѕвезди, едни чизми ќе бидат апсолутен хит – тесни чизми над колената. 

Иако овие чизми беа популарни веќе претходните сезони, новите верзии се уште подобри од минатите.

Овие чизми можат да бидат изработени од различни материјали како што се кадифе, латекс, кожа, чипка, лак или велур, со висока потпетица или рамни, шпицести или заоблени и истите можат да се вклопат во голем број на комбинации. Можете да ги носите со ултра кратко мини здолниште, шорцеви, џемпери, фустани, преку тесни фармерки – апсолутно сè доаѓа предвид.

Ваквите чизми се впечатлив модел детаљ, па затоа водете сметка остатокот од гардеробата да биде максимално ненападен, со цел да постигнете баланс. Комбинациите се безбројни, а ваше е само да го одберете моделот, материјалот и бојата.

 

Facebook impact:

Објавено вторник, 05 септември 2017 10:29:00
Напишано од емилија