Ана и Бастијан очекуваат син, името избрано

Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер во февруари ќе го дочекаат своето прво синче, а славниот брачен пар сериозно размислува кое име да го избере.

img

И Ана и Бастијан имаат свои фаворити, но едно е сигурно, детето ќе има српско име.

Како изворот известува во тесен круг на имиња се Стефан, Марко, Лука и Александар.

Ана и Бастијан се воодушевени што првото дете ќе им биде син. Таа навива да се вика Стефан, додека на Бастијан му се допаѓа името Марко. Во тесниот круг се имињата Александар и Лука, изјави изворот.

Бастијан најверојатно ќе се согласи со изборот на Ана, со оглед на тоа дека поради љубовта тој научи да го зборува и српскиот јазик. Што значи дека во семејството ќе пристигне еден Стефан – додаде изворот за крај

 

Facebook impact:

Објавено четврток, 12 октомври 2017 07:53:00
Напишано од емилија


Последни вести