Дали живата кукла Кен конечно се вразуми?

Човекот кој сите го знаеме како живата кукла Кен, е познат по неговите многубројни пластични операции. Неговото име е Родриго Алвес и доаѓа од Бразил.

img

Алвес има направено пластична операција на градниот кош, задникот, 10 пати корекција на носот, импланти во косата и сето тоа го чинеше 500.000 долари. Тој смета дека пластичните операции се преголема табу тема и тој тоа сака да го прекине. Сепак, тој живее прилично релаксиран и луксузен живот. Патува низ светот со приватни авиони, поканет е на многубројни гламурозни настани и го живее брзиот живот.

Алвес сега вели дека е загрижен бидејќи го пумпал лицето како луд, а сега му се зголемила тежината. Тоа сигурно нема да се вклопи во целата замисла тој да изгледа беспрекорно како куклата Кен. "Во последно време бев многу вознемирен, тежината ми се зголеми околу 40 килограми и сите алишта ми беа тесни". Што ќе превземи Алвес во врска со овој проблем? Сите претпоставуваат дека ќе оди под нож, на уште една хируршка интервенција, но тој се одлучил за друг чекор. И покрај копнежот за идеалната тежина и беспрекорното тело, Алвес призна дека повеќе нема да го следи сонот за гастричен бајпас. Процедурата со гастричен бајпас не е многу скапа, но е многу ризична, па затоа тој одлучи да ја изгуби тежината по природен пат и да започне да посетува теретана за да може да го трансформира својот изглед. Доколку тој направи гастричен бајпас тоа ќе биде многу штетно за него, бидејќи поминал многу пластични операции. Меѓутоа ако сте помислиле дека тој во целост ќе се откаже од пластичните операции, тогаш сте се излажале. Тој е веќе подготвен за нови импланти во косата. Но, тој мора да е свесен од опасноста која ги носи оваа процедура. Лекарите го предупредиле дека доколку направи уште еден зафат на носот, тој ќе падне.

 

Facebook impact:

Објавено вторник, 12 септември 2017 03:22:00
Напишано од емилија