Двејн Џонсон ќе се кандидира за претседател на САД

Актерот Двејн Џонсон минатата година се најде на врвот на листата најплатени актери која ја направи Форбс. Се чини дека сега наумил поинаков развој на неговата кариера.

img

Имено, актерот изјави дека сериозно размислува да се кандидира за претседател на САД на следните избори.

“За разлика од Трамп, чија политика се темели на ѕидови, мојата би се темелела на соработка” – рече актерот и додаде дека за ова размислува многу долго време.

“Сакам да бидам што поискрен и да имам што поголема поддршка за таквата одлука” – изјави Џонсон.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 15 мај 2017 08:44:00
Напишано од sasho