Маријана од Ново лото доби замена, еве за кого се работи

Најновото саботно издание од извлекувањето на Ново Лото 7/34 на Државна лотарија кое се емитува на телевизија Сител, помина без водителката Марјана Станојковска.

img

Додека таа ја води програмата од „Пиво фест“ во Прилеп, на нејзино место дојде нова колешка – водителка која сите добро ја знаете од телевизија.

Па така, гледачите и верните лото играчи вчеравечер (15.07.) беа пријатно изненадени од промената пред камери, каде се појави младата и шармантна водителка од утринската емисија „Ја сакам Македонија“, Елена Стојановска.

 

Елена секако им донесе среќа на добитниците, а исто така одлично се снајде во улогата на својата колешка Марјана Станојковска.

извор: Вистина.мк

Тагови:

Facebook impact:

Објавено недела, 16 јули 2017 11:36:00
Напишано од Виолета